Екипата на РК Вардар успеа да ја одбрани титулата во СЕХА-лигата и да стигне до својот четврти трофеј, со кој е најтрофејниот тим во ова натпреварување. Што се доднесува до бројот на одбранети удари за оваа сезона, Вардар се најде на второто место. Тројцата голмани на црвено-црните, Штербик, Милиќ и Ѓорѓески одбранија вкупно 211 удари кон нивниот гол, што ги става на втората позиција. Првото место е за екипата на Целје, кои собрааа 248 одбрани, третото е за голманите на Горење Велење со 207 одбрани, ППД Загреб е на четвртото место со 205 и петтата позиција е за голманите на Татран Прешов, кои имаа вкупно 180 одбрани.