Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Каков пресврт, каква магија за младите вардарци од генер. “2007“ иако на полувреме губеа од Шкендија, во вториот дел со четири голови се пласираа во полуфиналето на детската лига
Каков пресврт, каква магија за младите вардарци од генер. “2007“ иако на полувреме губеа од Шкендија, во вториот дел со четири голови се пласираа во полуфиналето на детската лига

Каков пресврт, каква магија за младите вардарци од генер. “2007“ иако на полувреме губеа од Шкендија, во вториот дел со четири голови се пласираа во полуфиналето на детската лига

Вардаровата генерација родени “2007“ година ќе играат во полуфиналето на завршниот турнир во детската фудбалска лига, откако со неверојатен пресврт ја совладаа екипата на Шкендија во 1/4 финалето.

34072611_1701605123219660_724536703385075712_n

Иако по првото полувреме имавме негатива од 1:3, избраниците на Томче Трајановски се надминаа себе си и со четири голови во вториот дел ја “нокаутираа“ екипата на Шкендија. Оваа генерација на Томче Трајановски има неверојатен карактер да се враќа во игра и на крајот да победи. Така беше и против Албион, кога бевме блиску до елиминација, но се пласиравме на завршниот турнир, така беше и на денешниот дуел со противникот од Тетово. Првите директни удари ги имаше екипата на Вардар и тоа преку Борјан Томовски и Александар Грашески, но резултатот остана оној почетниот. Сепак екипата на Шкендија е таа која успева прва да постигне гол и да го отвори резултатот за предност од 0:1. Тоа воопшто не не обезхрабри, па тргнавме офанзивно кон противничкиот гол. После само две минути, црвено-црните успеваат да израмнат  на 1:1, откако погоди Борјан Томовски. Се закани и тимот на Шкендија, кога еден од нивните играчи биеше покрај гол, за во следната нивна акција да го вратат водството и да ја затресат мрежата на Јаневски (1:2). Безбројни удари имавме кон голот на противникот по новата негатива, но топката едноставно не не сакаше. Милош Спасовски се обиде во два наврати, но ударите одат над голот. Се обиде и Марко Киш кој од солободен удар бие над голот на тетовчани. Откако Шкендија направи три корни, беше досуден пенал за Вардар, голема шанса да се израмни резултатот, но сепак не успеа најмладиот Грашески, откако противничкиот чувар на мрежата го одбрани неговиот удар. Сепак продолживме да напаѓаме, имавме акција кога нафрли Радески, но за малку прекраток беше Младеновски, па немаше опасност за израмнување. Последните пет минути од првиот дел им припаднаа на екипата од Тетово, кога имаа две стопроцентни шанси, едната ја одбрани Лука Јаневски, во другата шутираа покрај голот, но во третата прилика не пропуштаат да постигнат нов гол и да зголемат на 3:1. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.34103328_1701605219886317_4229133526185803776_n

Како само ги мотивираше своите избраници, знаат само самите играчи и нивниот тренер, Томче Трајановски, кој сепак знае да ги издигне своите избраници од невозоможното. Многу бргу во вториот дел успеавме да го намалиме резултатот на 2:3, кога својот прв гол денес го постигна Емир Шаботиќ. Иако притискавме во следните 10 минути немаше промена на резултатот, а имавме удари преку Грашески, Томовски во два наврати, како и Мицевски кој шутира покрај голот. Се обиде и Радски и уште еднаш Томовски, но резултатот остана непроменет. Остануваше се помалку време за црвено-црните, кога изгледаше дека Шкендија е се поблиску до полуфиналето, следи голем пресврт на вардарци. Каков само волеј удар на “виртуозот“ Грашески кој успева на нафрлена топка од Крстевски да постигне гол и да го израмни резултатот на 3:3. Останаа уште пет минути, а Вардар сакаше да го реши овој натпревар во регуларниот дел, а тоа и се случи. Повторно на сцената стапува Грашески, ова момче е неверојатно и не се предава до самиот крај. Со негов нов гол, Вардар за прв пат на овој дуел има предност (4:3). За да го уништиме до крај големиот ривал, се погрижи со својот втор гол денес, Емир Шаботиќ, кој ги постави конечните 5:3 на овој натпревар.34384049_1701605159886323_7890586420107018240_n

Денес со почеток од 16:30 часот го играме полуфиналето на завршниот турнир во детската лига.