Фудбалскиот тим Вардар утре и официјално ќе означи старт на летните подготовки. Утрешната прозивка е закажана за 18 часот на тренинг кампот во Хиподром, каде тренерот на Вардар, Бобан Бабунски заедно со неговиот дополнет стручен тим ќе прозива и ќе започне со полесни тренинзи.
Сега за сега, во Вардар нема официјални нови имиња, но на утрешната прва прозивка се очекува некој карти да бидат отворени и да се појават неколку нови играчи.
Вардар во Скопје ќе тренира до среда, а потоа ќе замине во Словенија во местото Зрече во хотелот „Витал“.