Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Само да не падне Ференцварош, со сите други екипи во 1.коло од ЛЕ сме фаворити
Гачевски: Само да не падне  Ференцварош, со сите други екипи во 1.коло од ЛЕ сме фаворити

Гачевски: Само да не падне Ференцварош, со сите други екипи во 1.коло од ЛЕ сме фаворити

Вчера фудбалскиот тим Вардар ги “запали моторите“, тие го одржаа првиот собир во клубскиот  тренинг центар. Со ова беа отпочнати летните подготовки каде не очекуваат возбудувањата во Лигата на Европа, а подоцна и почетокот на домашниот шампионат. За очекувањето од ждрепката за ЛЕ и за очекувањата од новата сезона голманот Гачевски Филип вели:

Искрено не сакам само да ни се падне Ференцварош. Другите екипи, колку што знам се околу 40 на број не се на наше ниво и треба да го минеме првото коло без проблем. Наша цел е да дојдеме до третото коло, па што биде после тоа. Таму веќе е виша сила. Овој тим има нов лик, многу помлада екипа, затоа што многу играчи што ја напишаа таа историја во Лига Европа си заминаа, но јас мислам дека со овие засилувања досега, со овие играчи и со тоа што сигурно ќе дојде уште некој ќе направиме тим што ќе се бори во Европа, а дома ќе се бори за врвот и трофеите. Мислам дека наша цел е прво да ги минеме првите две кола, а потоа да се бориме за врвот во домашното првенство- рече Гачевски.