Утрово генерациите на ФК Вардар родени “2006“ и “2008“ година го одиграа второто коло, на турнирот во Несебар ( Бугарија). И двете екипи на Вардар стигнаа до нови победи на овој турнир.
Генерацијата родени “2008“ година стигнаа и до втората убедлива победа на турнирот, откако успеаа да ја совладаат и екипата на Черноморец од Бургас. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:1. По првото полувреме имавме водство од 2:1, а стрелец на двата гола за црвено-црните беше Стефан Бранковски. Одлично игравме и во вториот дел, кога ја наполнивме мрежата на бугарите, со уште нови три погодоци. Два од нив ги постигна Арти Азизи, додека еден беше дело на Коста Бошковски.
Утре избраниците на Неделковски го играат последното коло по групи, против екипата на Ферион од Софија.
Триумф и за повозрасната генерација “2006“, која за противник ја имаше екипата на Локомотива од Софија, која ја победи со резултат 3:0. Резултатот на овој натпревар го отвори капитенот, Дарко Сековски кој со прекрасен гол и тоа од слободен удар, од некаде 25 метри ја затресе мрежата на Локомотив и донесе предност за Вардар од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Бевме многу подобри и во вториот дел, кога постигнавме уште два нови голови, а нашата последна дефанзивна линија исто така беше одлична и не дозволуваше сериозни шанси кон голот на Данстак. Избраниците на Јанев успеаа да го зголемат резултатот на 2:0, со погодокот на Кристијан Галевски, кој погоди со глава, после нафрлена топка од корнер на Коловски. Повторно нерешлива енигма за бугарите се покажа, Дарко Сековски, кој по соло пробив низ скоро целата противничка екипа ујпати удар од околу 15 метри, а топката заврши позади грбот на противничкиот голман. Веќе поведовме со 3:0, па последните минути од натпреварот беа рутина за нашите момчиња.
Во текот на утрешниот ден го играме последното коло во групата, противник е екипата на Ферион Софија.