По одлично одиграниоте дуели и успехот на сениорската репрезентација во баражот за Светското првенство во 2019 година, ракометарите на Македонија сега имаа друг предизвик. Станува збор за Медитеранските игри кои ќе се играат во Шпанија.
На овие игри ќе има неколку од играчите кои беа дел од сениорскиот состав кој играше во Скопје и Клуж. Сигурен патник е и вардаровото крило, младиот Мартин Поповски. Црвено-жолтата селекција ќе биде спој на младост и на искуство, истата ќе ја води вардаровиот тренерски тандем Парондо Гарсија и Царчев Александар.
Според планот во Скопје момците ќе се тренира на 19 и 20 јуни по што на 21 јуни се заминува за Тарагона. На Медитеранските игри имаме исклучително тешка група, ние ќе се сретнеме со Србија, Турција и Египет.