Младите надежи на ФК Вардар, родени 2008 година и помали на турнирот во Несебар, Бугарија утрово одиграа дуел од полуфиналето во својата генерација. Противник во натпреварот за обезбедување место дуелот за злато, односно големото финале беше екипата на ФК Хасково. Во овој дуел дојдовме до победа и обезбедивме утре настап во најважниот натпревар, со овој триумф го задржавме 100% ефект на турнирот.
На средбата со екипата на Хасково ние бевме доминантни во сите аспекти на фудбалската игра во однос на противникот. Првиот дел го завршивме со два гола во мрежата на противникот и одлична игра во одбраната каде ја зачувавме мрежата па на пауза заминавме со предност од 2-0. Во вториот дел само ја крунисавме победата со нови погодоци и обезбедивме финале со конечен резултат 5-1. За нас стрелци на погодоците беа Арти Азизи (3), Стефан Бранковски и Ненад Дамјаноски,
Финалето на “ Куп на Црното Море- Несебар 2018“ гмомците на Павел Неделковски го играат утре.