Извршната комисија на ЕХФ веќе ги одреди екпите кои ќе се натпреваруваат во Лигата на Шампионите, за следната натпреварувачка сезона. Повторно дел од најголемото натпреварување ќе биде Вардар, а претставник од Македонија ќе биде и тимот на Металург, кој доби вајлд карта за настап во ЛШ, како и екипите на Веспрем, Нант,Рајн-Некар, Монпелје Интересно во новата сезона ќе има и претставник од Финска.
Ова се екипите кои ќе бидат дел од Лигата на шампиоите: ПСЖ, Вардар, Киелце, Пик Сегед, Фленсбург, Барселона, Скјерн, Мешков Брест, ППД Загреб, Мотор Запорожје, Кристијанштад, Цеље ПЛ, Рајн Некар Левен, Веспрем, Нант и Монпеље (групи А и Б), Адемар Леон, Спортинг Лисабон, Елверум, Бешикташ, Вакер Тун, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт, Татран Прешов, Кокс, Висла Плоцк, Силкеборг и Металург (групи Ц и Д).
Ждрепката ќе изврши на 29-ти јуни во Виена, кога ќе бидат познати противниците на Вардар, во една од најсилните групи. Новата сезона во ЛШ се очекува да започне во периодот од 12-16-ти септември.