Шефот на стручниот штаб на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите импресии од досегашниот тек на подготовките на екипата, како и утрешниот можен противник на Вардар.
„Немам некоја посебна желба во ждрепката, имам најголем респект за било кој противник. Сакам и играчите така да го разберат. Мора да ги респектираме, затоа што во последно време се изедначува квалитетот на фудбалот, сите тренираат на високо професионално ниво, сите информации се достапни за секој тим. Секој противник е прилично силен, и сакаме да го прифатиме најсериозно што е можно и што подобро да се подготвиме“, рече Бабунски.
Целата изјава на Бабунски можете да ја погледнете низ видеото: