По вчерашната одлична игра и победа против Домжале, денеска нашите фудбалери ќе одиграат уште еден натпревар против тим од Словенија, овој пат противник ќе ни биде вице-шампионот на оваа земја, екипата на Марибор.
Марибор исто како и Вардар, на летните подготовки има забележано две победи од исто толку натпревари. Најпрвин го победија нисколигашот Смартно со 10:0, а потоа славеа и убедлива победа над Кукеси со резултат 4:0. Не очекува еден интересен дуел против силен противник.
За денешниот натпревар, Бабунски ќе ги има на располагање Барсегјан и Новак, кои вчера не настапија. Дуелот е закажан со почеток од 17:30 часот.