Вардаровата генерација родени “2007“ година успеа и по трет последователен пат да стане шампион на Македонија и повторно да ја покаже својата доминација во детската лига. Во претходниот наш текст, можевте да прочитате за сите остварени резултати на оваа генерација во текот на целата сезона, како во детската лига, така и на турнирите на кои учествуваа. Што се однесува до листата на најдобри стрелци, неа ја предводи најмладиот, а тоа е Александар Грашески кој сезоната во детската лига ја заврши со 43 постигнати голови.
Интересни факти се вртат околу младиот “виртуоз“ кои говорат, дека тој успевал да се запише во листата на стрелци на 12 последователни мечеви во пролетниот дел од сезоната, настапувајќи за Вардар (1). Грашески не успеал да постигне гол само во првото пролетно коло, додека на следните 11 последователни мечеви, вклучувајќи и оние во елиминацискиот дел и завршните во борба за трофејот, интересно Грашески успевал да постигна барем најмалку еден гол за црвено-црните. Исто така за Вардар (3) на шест одиграни натпревари во пролетниот дел, успеал да постигне гол на четири мечеви во серија. Овие бројки го прават да биде и најдобриот голгетер на оваа генерација, додека второто место е за Стефан Младеновски, кој пропушти неколку натпревари поради повреда и му беше потребно време да ја достигне вистинската форма.
Ова се сите играчи кои оваа сезона постигнаа голови за ФК Вардар генер. “2007“.
1. Александар Грашески 43
2. Стефан Младеновски 36
3. Борјан Томовски 26
4. Војо Стојановски 25
5. Емир Шаботиќ 20
6. Никола Јовановски 17
7. Иван Стојановиќ 16
8. Драган Лебариќ 14
9. Филип Кузаревски 13
10. Милош Спасовски 11
11. Марко Крстевски 10
12. Марко Киш 9
13. Лео Манчев и Златко Радески по 8
14. Петар Котевски 6
15. Алексеј Ивановски 4
16. Даниел Исајловски, Петар Мицевски и Михаил Јордановски по 3
17. Матеј Киш, Лука Јаневски, Лука Атанасовски и Михаил Крстевски по 2
18. Димитар Фидановски, Кристијан Јаковчевски, Фуад Кереман, Младен Тарчуловски и Симон Шиков по 1 гол.