Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Матеј Николовски: Имам голема желба, Вардар да го подигне трофејот од Лигата на Шампионите, а дел од таа историја да бидам и јас како играч
Матеј Николовски: Имам голема желба, Вардар да го подигне трофејот од Лигата на Шампионите, а дел од таа историја да бидам и јас како играч

Матеј Николовски: Имам голема желба, Вардар да го подигне трофејот од Лигата на Шампионите, а дел од таа историја да бидам и јас како играч

Вардаровата генерација родени “2005“ година успеаа и втора последователна сезона да станат шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Во големото финале на детската лига, црвено-црните ја совладаа екипата на Академија Пандев и ја покажаа својата доминација. Дел од оваа генерација е Матеј Николовски, кој добива голема доверба од тренерот Андовски за игра, а истата ја оправдува со добра игра на теренот. Во следното наше интервју ве запознаваме токму со овој млад и надежен играч, дел од шампионската генерација “2005“.

36605706_1295094380624056_2521225160862728192_ny7

 1. Од каде желбата за фудбал и дали овој спорт беше првиот со кој започнавте ?

-Од кога знам за себе топката беше мојата најомилена играчка. Така дојде и желбата да започнам да тренирам фудбал, а со помош на тренерите се повеќе и повеќе да го засакам овој спорт.

2. Кога беа вашите први почетоци со фудбалската топка, во кој клуб започнавте да тренирате и кој беше првиот тренер со кој имавте можност да соработувате?

-Моите први почетоци беа на шестгодишна возраст во ФК Работнички, каде што тренирав една година. Првиот тренер кој ме воведе во оваа игра и од кој многу научив е тренерот Зоран Петковски, кој ми беше тренер и во наредните две сезони во ФК Вардар, каде што во сезоната 2013/2014 прв пат генерацијата 2005 на Вардар станаа шампиони на Македонија. Потоа се редеа успесите благодарение на тренерот Игор Кралевски кој ми го пренесе знаењето во играта на одбраната, со кој исто така станавме шампиони на Македонија во сезоната 2016/2017.

vardarfans-naslovna-2-660x330

3.Со генерацијата “2008“ на Вардар успеавте и втора последователна сезона да станете шампиони на Македонија. Како вие ја видовте оваа сезона и колку сте задоволни од прикажаната игра и остварените резултати, сметаш ли дека заслужено го освоите трофејот ?

-Во сезоната која помина јас лично сум многу задоволен од резултатите што ги покажа мојот тим, на чело со тренерот Ане Андовски, кој исто така има голема заслуга за првото место. Секако дека не беше лесно да се одбрани шампионската титула, имаше натпревари на кои противниците се бранеа речиси со сите играчи на својата половина, па беше тешко да се пробие таквата игра. Сепак секогаш наоѓавме решенија за различната постаеност на противничките екипи и на крајот сметам дека заслужено ја освоивме детската лига. Финалето беше неизвесно, Академија Пандев долго време успешно се бранеше, но ние покажавме дека сме подобрата екипа.

4. Претежно настапувате на позицијата десен бек, на мечевите од детската лига. Дали мислите дека ова е вашето идеално место на теренот, или можете да се пронајдете и на друга позиција ?

-Позицијата десен бек многу добро ми лежи. Предизвик секогаш постои, а за да бидеш комплетен играч мора да научиш да ги играш сите позиции на теренот и да одговориш на барањата на тренерот кој ќе ти ги постави.

95

5. Со вашата генерација имавте можност да бидете дел од неколку силни меѓународни турнири оваа сезона. Кој според вас беше најсилен и дали противниците на турнирите се многу поквалитетни од оние, кои со вас се натпреваруваат во детската лига ?

-Секогаш е предизвик да се настапува на силни меѓународни турнири и да се натпреваруваш со екипи кои не ти се познати. Тогаш доаѓа до израз квалитетот на секоја екипа. Мое лично мислење е дека генерација 2005 на ФК Вардар има сила и квалитет да се бори со силните екипи на Бугарија, Романија, Србија и други екипи. Не сметам дека се поквалитетни затоа што и во Македонија има екипи со сличен квалитет, какви што се екипите од меѓународните турнири.

27973315_1587699864632855_5041695559086275628_n-11-660x330-1

6. Кои фактори според вас се пресудни и најважни за еден млад играч да биде успешен и во иднина ?

-За да се стане успешен играч треба да се вложи многу труд, љубов, да се има цел и секој натпревар да го играш со големо срце и душа.

7. Сигурно дека имате свои идоли, од кои најмногу сакате да ги гледате и да учите од нив ?

-Мои идоли  се Дани Алвес и Пол Погба. Уживам кога ги гледам и се восхитувам на нивната игра.

8. Вардар располага со Академија, каква што имаат и Европските клубови. Какви се условите за работа и дали нешто недостасува ?

-Имаме прекрасни услови за тренинзи што ги исполнува сите стандарди на голем клуб како што е ФК Вардар и горд сум што сум дел од оваа Академија, која е бренд за Македонија и пошироко.

2013

9. Како ќе го опишете вашиот тренер, Ане Андовски како стратег и личност ?

-Прекрасна личност, добар психолог и педагог и одличен тренер кој многу ме научи на одговорностите како на теренот така и надвор од него. Тренер кој се труди неговото искуство и знаење да го пренесе на секој играч. Едноставно успесите што ги постигнал со секоја екипа покажува за каков тренер станува збор.

10. Дали Матеј има некоја цел и желба која сака да ја исполни за во иднина ?

-Имам голема желба и се надевам дека еден ден ќе се исполни, тоа е ФК Вардар да го подигне пехарот од Лигата на Шампионите, а дел од таа историја да бидам и јас како играч. Огромна почит и благодарност до Академијата што ни овозможи одлични услови и вистински професионалци од тренери да учиме и тренираме. Се разбира голема благодарност и до вас како Редакција Вардар Фан, медиум кој го препознавате и цените квалитетот на секое дете.

Звонко Ивановски