Попладнево со почеток од 17:30 часот на теренот во населбата Јане Сандански, пријателски натпревар ќе одиграат фудбалските екипи на Вардар и Работнички. На овој дуел своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат новите засилувања, бразилецот Вилијам Лира и аргентинецот, Николас Хосе Херанц. Стручниот штаб на Вардар на чело со Бобан Бабунски ќе има можност да ги видат квалитетите на двајцата јужно-американски играчи.
И Лира и Херанц денес беа официјално претставени како нови играчи на Вардар, со кои беа потпишани договори на две години. Вардар се подготвува за дуелот против Пјуник, па на денешниот дуел ќе можат да се испробаат некои варијанти и полека да се склопува составот за првиот меч, кој е закажан за на гостински терен, на 12-ти јули.