Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Ракометарките на Вардар Јуниор, Кицеска, Николовска и Божиноска се нови играчи на Пелистер
Ракометарките на Вардар Јуниор, Кицеска, Николовска и Божиноска се нови играчи на Пелистер

Ракометарките на Вардар Јуниор, Кицеска, Николовска и Божиноска се нови играчи на Пелистер

Со оглед дека во новата сезона, ЖРК Вардар ќе настапува само со една екипа во супер-лигата, тоа значи дека нема да постои ниту Вардар Јуниор. Сите девојки кои се родени 1998 и 1999 година добија исписници од клубот, па мораа да си бараат нови екипи каде ќе ја продолжат својата играчка кариера.

Анастасија Николовска, Ива Божиноска и Слободанка Кицеска, кои важеа за перспектива на Вардар и македонскиот ракомет, во новата сезона ќе настапуваат за екипата на Пелистер од Битола. Сите три се и актуелни репрезентативки на младинската селекција, додека Анастасија Николовска беше дел од сениорската репрезентација на Македонија на последниот квалификациски циклус. Истите беа едни од најдобрите поединки на Вардар Јуниор, кој сезоната во супер лигата ја заврши на петтото место.

Во Пелистер настапува уште една поранешна ракометарка од младинската школа на Вардар, се работи за Ивана Стојмановскa, која беше дел од битолскиот тим и минатата сезона, во која екипата заврши на високото трето место.