ФК Вардар победи на последната контрола пред дуелот со Пјуник во Ереван. Попладнево нашите играчи на убедлив начин со резултат 6:0 (3:0) го победија градскиот ривал, тимот на Работнички. Одлично деби во Вардаровиот дрес имаше Вилијан Лира кој постигна два гола за 45. минути.
По првиот дел Вардар водеше со убедливи 3:0. Дека ќе биде одлично засилување и играч кој ќе постигнува многу голови потврди новиот Бразилец во редовите на Вардар Лира, кој иако во Вардар е неповеќе од една недела, сепак, постигна два гола. Покрај него, во првиот дел погоди и Матеј Цветаноски за убедлив резултат.
Во вториот дел Вардар не застана, придодаде уште три гола, за убедливи 6:0. Во вторите 45.минути, повеќе играчи од почетниот тим го напуштија теренот, а во игра влегоа нови свежи фудбалери. Попзлатанов во вториот дел постигна два гола, додека пак Максимов беше стрелец на еден, за убедливи 6:0.
ВАРДАР: Гачевски (51’ Илиќ), Тошевски (51’ Тодороски), Новак (51’ Херанц), Попов (51’ Манев), Брдаровски (51’ Антовски) (83’ Реџепи), Битанг (51’ Најдовски), Мицевски (51’ Талески), Исени (51’ Адем), Барсегјан (51’ Попзлатанов), Цветаноски (51’ Бериша), Лира (39’ Максимов) (83’ Колевски).