Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Кои ракометарки од Вардар Јуниор најдоа нови екипи, кои остануваат во клубот, а кои се уште се во преговори за менување на средината
Кои ракометарки од Вардар Јуниор најдоа нови екипи, кои остануваат во клубот, а кои се уште се во преговори за менување на средината

Кои ракометарки од Вардар Јуниор најдоа нови екипи, кои остануваат во клубот, а кои се уште се во преговори за менување на средината

Познато е дека во новата натпреварувачка сезона нема да постои женската екипа на Вардар Јуниор, односно ќе се настапува со само една екипа во супер лигата, која ќе ја сочинуваат ракометарки кои се родени 2000 година. Дел од играчите кои минатата сезона настапуваа за вториот тим на Вардар си најдоа и нови, екипи, дел се уште  ги разгледуваат понудите и се во преговори, додека дел од нив и остануваат во екипата.

Како што објавиввме претходните денови, три ракометарки од Вардар Јуниор се преселија во екипата на Пелистер. Се работи за Анастасија Николовска, Слободанка Кицеска и Ива Божиноска. Сите тие ќе бидат дел од тимот на Пелистер, кој се обидува да направи сериозна екипа, која во новата сезона ќе атакува на највисок пласман во супер лигата, но и ќе се обиде да направи нешто повеќе во Европските натпреварувања.

Што се однесува до другите играчи кои најдоа нова средина, тоа се Ангела Карчева и Мартина Стефановска, двете ќе бидат дел од новите прволигаши. Поранешната капитенка на вардаровите младинки, Ангела Карчева ќе биде дел од новиот проект во женскиот ракомет, се работи за екипата на ЦЕМС.  За тренер на оваа екипа е назначена, поранешната голманка на Кометал Ѓ.П и репрезентативка, Лина Треноска, нам позната од натпреварите во “Јуниор лигата“, која ја организира РК Вардар, каде Треноска работеше како тренер во ракометните школи на Ново Лисиче-Вардар и Шампион-Вардар. Мартина Стефановска пак потпиша договор со екипата на Кисела Вода-Спартак, која исто така дебитира во женската супер лига. Во овој клуб како тренер на голманите ќе работи Александра Кузмановска, која претходниве сезони беше дел од младинската школа на Вардар, како помошен тренер на Анжела Платон. Нов клуб има и Ружица Атанасова, кој се држи во тајност, по барање на ракометарката.

Од играчите кои минатата сезона го носеа црвено-црниот дрес, во клубот остануваат голманката Андреа Илиќ, потоа крилата Бојана Диневска и Ивона Трпевска и бекот Милица Николиќ. Ана Иванова се реши привремено да паузира и да се посвети на факултетските обврски.

Се уште нови клубови немаат пронајдено Александра Вељаноска, Шадије Реџепи, Ана Станиќевска, Моника Георгиевска, Сашка Филипоска, како и најдобриот играч на Вардар Јуниор од минатата сезона, младинска и сениорска репрезентативка на Македонија, се работи за Леонида Гичевска. Сите споменати ги разгледуваат понудите и најдобрата за нив опција, за продолжување на играчката кариера.

Не е познат ниту статусот на главниот тренер на Вардар Јуниор и селектор на Македонската селекција, се работи за Симе Симовски, за кој се уште не е познато дали ќе остане во клубот и на која функција.