Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Поранешни вардарци, погодија за своите екипи, во рамките на 1.квалификациско коло од Лигата на Европа
Поранешни вардарци, погодија за своите екипи, во рамките на 1.квалификациско коло од Лигата на Европа

Поранешни вардарци, погодија за своите екипи, во рамките на 1.квалификациско коло од Лигата на Европа

Изминативе два дена се одигра првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Вардар имаа лош натпревар против Пјуник и загубија минимално со резултат 1:0, сепак останува поправен за црвено-црните на реваншот на арената “Филип Втори“ кој е закажан за на 19-ти јули.

Двајца поранешни играчи на вардарци успеаа да се запишат во листата на стрелци, настапувајќи за своите екипи, во рамките на првото квалификациско коло. Се работи за Стефан Спировски и Петар Петковски. Поранешниот играч од средниот ред на црвено-црните, Спировски ги одигра сите 90 минути за неговиот тим, Ференцварош и беше стрелец на единствениот гол за унгарците, во дуелот со екипата на Макаби Тел Авив, кој заврши со нерешен резултат 1:1. Во листата на стрелци се запиша уште еден поранешен член на црвено-црните, се работи за младинскиот репрезентативец, Петар Петковски кој успеа со екипата на Работнички, на домашен терен да слави во дуелот со тимот на Хонвед (Унгарија) со резултат 2:1, а еден од головите беше дело на Петковски, кој беше заменет во вториот дел од овој дуел.