Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Томче Трајановски и Вардар “раскинаа’, тренерот кој важеше за еден од најуспешните во младинската школа и официјално од денес е нов предводник на Пелистер
Томче Трајановски и Вардар “раскинаа’, тренерот кој важеше за еден од најуспешните во младинската школа и официјално од денес е нов предводник на Пелистер

Томче Трајановски и Вардар “раскинаа’, тренерот кој важеше за еден од најуспешните во младинската школа и официјално од денес е нов предводник на Пелистер

Довчерашниот тренер во младинските категории на ФК Вардар, Томче Трајановски и официјално не е повеќе дел од клубот и тој својата тренерска кариера ќе ја продолжи во екипата на Пелистер, која во новата сезона ќе се натпреварува во втората македонска лига. Легенда на „црвено-црните“ која што во своите 10 години професионална играчка кариера го носеше дресот на Вардар, дел од онаа шампионска генерација која го донесе првиот трофеј.

Томче важеше за еден од најуспешните тренери во младинските категории на ФК Вардар. Човекот кој успеа на два пати да стане шампион на Македонија со генерацијата родени “2007“ година и да освои безброј турнири со истата, и еднаш со генерацијата родени “2003“ година, со која успеа пред две сезони да ја освои двојната круна. Вардар и Трајановски ја “раскинаа“ соработката поради непознати причини. Тренерот Трајановски направи и голем успех со генерацијата родени “2001“ година, со која успеа да го освои силниот меѓународен турнир во Сараево, иако ја тренираше истата само недела дена.

Трајановски е легенда на Пелистер и Вардар, а од денес и официјално ги договори сите услови за работа со битолчани и тој ќе биде нивен предводник во новата сезона. Токму од денес стартува со подготовки со екипата на Пелистер.

Со приклучувањето на Сашо Тодоровски во првиот тим и сега по напуштањето на Трајановски, младинската школа на ФК Вардар ќе има “дефицит“ на тренери, па останува да видиме како ќе се потполни оваа празнина во академијата на ФК Вардар, нагласувајќи дека тие беа единствените кои последниве три последователни сезони успеваа да освојат трофеј со младинските екипи на црвено-црните.