Изминативе два дена се одигра првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Вардар имаа лош натпревар против Пјуник и загубија минимално со резултат 1:0, сепак останува поправен за црвено-црните на реваншот на арената “Филип Втори“ кој е закажан за на 19-ти јули.
Двајца поранешни играчи на вардарци успеаа да се запишат во листата на стрелци, настапувајќи за своите екипи, во рамките на првото квалификациско коло. Се работи за Стефан Спировски и Петар Петковски. Поранешниот играч од средниот ред на црвено-црните, Спировски ги одигра сите 90 минути за неговиот тим, Ференцварош и беше стрелец на единствениот гол за унгарците, во дуелот со екипата на Макаби Тел Авив, кој заврши со нерешен резултат 1:1. Во листата на стрелци се запиша уште еден поранешен член на црвено-црните, се работи за младинскиот репрезентативец, Петар Петковски кој успеа со екипата на Работнички, на домашен терен да слави во дуелот со тимот на Хонвед (Унгарија) со резултат 2:1, а еден од головите беше дело на Петковски, кој беше заменет во вториот дел од овој дуел.