По крајот на ракометната сезона традиционално секоја година, специјализираниот ракометен портал „Балкан Хендбол“, врши избор на најдобар играч на ЕКС-ЈУ просторот, како и на најдобриот тим за изминатата сезона кај дамите и ракометарите. По гласањето на фановите, најдобар играч е одбран руското крило Дибиров.
Кај мажите, седморката беше составена од четворица играчи на Вардар, двајца од тимот на Целје, а последното место беше пополнато со играч од ППД Загреб-види. Како најкорисен играч за минатата сезона беше избран рускиот репрезентативец од дресот на „црвено-црните“, Тимур Дибиров. Нашиот играч имаше највеќе гласови од сите понудени играчи на овој избор.