Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > На денешен ден пред една година, “гореше“ Струмица, Вардар успеа да го елиминира тимот на Малме и да се пласира во следното квалификациско коло од ЛШ
На денешен ден пред една година, “гореше“ Струмица, Вардар успеа да го елиминира тимот на Малме и да се пласира во следното квалификациско коло од ЛШ

На денешен ден пред една година, “гореше“ Струмица, Вардар успеа да го елиминира тимот на Малме и да се пласира во следното квалификациско коло од ЛШ

На денешен ден пред точно една година, екипата на ФК Вардар направи голем успех, успевајќи да го елиминира шампионот на Шведска, екипата на Малме во рамките на 2.квалификациско коло од Лигата на Шампионите.

На реванш натреварот кој се одигра на стадионот “Младост“ во Струмица, црвено-црните успеаа да слават со резултат 3:1 и со вкупен резултат од 4:2 да се пласираат во следната елиминациска рунда. Иако Вардар по првото полувреме имаше негатива од 0:1, во вториот дел направи комплетен резултатски пресврт и на крајот го доби мечот со резултат 3:1, откако мрежата на Малме ја тресеа, Грнчаров, Фелипе и Николов.

На тој дуел настапивме со следниот состав:

ВАРДАР: 90. Гачевски, 19. Хамбарџумјан, 6. Грнчаров, 21. Новак, 23. Демири, 8. Спировски, 16. Глигоров, 20. Николов, 70. Фелипе, 11. Барсегјан, 89. Балотели.

РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 5. Муслиу, 9. Блажевски, 10. Којашевиќ, 32. Глишиќ, 33. Исени, 77. Брдаровски.

Во следното 3.коло бевме елиминирани од екипата на Копенхаген, но затоа настапите ги продолживме во квалификациите од Лигата на Европа. Таму за противник го добивме тимот на Фенербахче, кој успеавме да го совладаме на двата натпревари и да обезбдиме историски пласман во групната фаза од Лигата на Европа и да станеме првиот македонски клуб на кој му успеал да направи такво достигнување.