Вечерва екипата на ФК Вардар го имаше последниот тренинг, на арената каде утре со почеток од 19:00 часот ќе се одигра реванш дуелот против екипата на Пјуник. Тренерот Васоски и неговите помошници ги испробуваа последните тактики и варијанти во пресрет на утрешниот натпревар. Сигурно веќе во главата, тренерот Васоски го има стартниот состав, со кој ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот меч во Ерменија.