Вардаровите играчи им се вратија на тренинзите по три-дневниот одмор кој го добија од тренерот Александар Васоски.
По раната елиминација во Лигата на Европа, сега Вардар ќе се подготвува само за ПМФЛ и Купот на Македонија. ПМФЛ започнува за две недели, односно на 5-ти август. Сеуште не се извлечени паровите и противниците на Вардар во првите неколку кола.
Сега за сега, тренер на „црвено-црните“ останува Васоски.