Со попладневниот прв тренинг во С.Ц. Јане Сандански, тимот на РК Вардар означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона. Како што е познато нов предводник од клупата на црвено-црните ќе биде Роберто Гарсија Парондо, кој ќе го замени Раул Гонзалез. Составот претрпе неколку промени, но амбициите на клубост повторно остануваат високи и се сремат кон освојување на нови трофеи. Првата изјава на Парондо како нов тренер на Вардар, за официјалната страна на клубот, во која вели:
-Ќе одиме чекор по чекор. Имаме тешка група во лигата на шампионите, но и сезоната е долга. Има време за се. Имаме нови играчи, ќе треба сето да се вклопи и да најдеме најдобар баланс. Ќе имаме плус еден голман и уште еден бек од младинската школа, и наскоро и тие ќе бидат со нас, истакна шпанскиот стручњак.