Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Без Веспрем и во новата сезона на СЕХА-лигата, Вардар повторно најголем претедент за освојување на истата
Без Веспрем и во новата сезона на СЕХА-лигата, Вардар повторно најголем претедент за освојување на истата

Без Веспрем и во новата сезона на СЕХА-лигата, Вардар повторно најголем претедент за освојување на истата

Без Веспрем и во новата сезона на СЕХА-лигата. Ваква одлука донела клубот, кој втора година по ред нема да биде дел од регионалното натпреварување.

Од таборот на унгарците барале промени во системот на натпреварување, како би се избегнало одигрување на поголем број на натпревари, но ставот на челните луѓе во СЕХА е дека и во новата сезона ќе се одиграат 18 кола, секој со секого на домашен и гостински терен. Ова за Веспрем ќе значи згуснат распоред и многу патувања, со оглед дека ќе настапуваат и во Лигата на Шампионите, а ќе имаат и тешка задача да ја вратат домашната титула, која минатата сезона ја загубија од Пик Сегед, после долги години и да го одбранат трофејот во националниот куп.

Само за потсетување, Веспрем е втор најтрофеен тим после Вардар, во СЕХА натпреварувањето. Унгарците беа дел од лигата во сезоните 2014/15 и 2015/16 кога успеваа да ја освојат, како и во сезоната 2016/17, кога во големото финале беа поразени од тимот на Вардар. Наредниве неколку дена треба да биде познат и конечниот состав на еикипите кои ќе бидат дел од лигата, за натпреварувачката 2018/19 сезона.