Денес со почеток од 18:00 часот, младинската ракометна репрезентација го игра решавачкиот натпревар, за пласман во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот, кој периодов се игра во С.Ц. Јане Сандански.
Противник на Македонија ќе биде селекцијата на Украина. Нашите млади надежи после три одиграни натпревари имаат две победи ( В.Британија и Швајцарија) и одиграа нерешено со селекцијата на Италија. Се наоѓаме на првото место на табелата и денес ќе ни биде потребен и бод за обезбедување на првото место во групата.
Селекторот на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари, на кои ќе смета за вечерашниот дуел. Во истиот повторно има место за пет ракометари од редовите на Вардар. Се работи за Марко Кизиќ, Стефан Атанасовски, Марко Мишевски, Дејан Кукуловски и Иван Димитровски.