Уште една од екипите која е дел од најсилната група А во Лигата на Шампионите, стартуваше со подготовки за новата натпреварувачка сезона. Иако се уште финансиски нестабилен, шампионот на Полска ги “запали“ моторите за новата сезона.
Поранешниот шампион на Европа, тимот на Киелце, во пресрет на новата сезона го засилија Лука Циндриќ (Вардар), Владимир Цупара ( Адемар Леон), Ангел Фернандез ( Ла Риоха), Уладзислау Кулеш ( СКА Минск), и Артсем Каралек ( Сент-Рафаел). Заминаа Мануел Штрлек ( Веспрем), Деан Бомбач ( Пик Сегед), Дарко Џукиќ ( Брест Мешков) и Матеус Кус ( Мотор Запорожје). Својата играчка кариера ја завршија Карол Биелецки и Славомир Шмал, додека Урош Зорман ќе биде прв помошник на Талант Душебаев.
Вардар и Киеле ќе се сретнат во рамките на 5. и 10. коло во најсилната група А, кога најпрво црвено-црните ќе гостуваат во Полска, а подоцна и ќе бидат домаќини на полскиот шампион.