По еднонеделна подготовка во Скопје, екипата на РК Вардар замина за Крањска Гора ( Словенија) каде ќе го одработи главниот дел од подготовките. Со директен лет за Љубљана, црвено-црните отпатуваа за Словенија. Веќе шестта последователна година клубот се одлучува за ова висинско место, кое нуди одлични услови за работа. Во Крањска Гора, црвено-црните ќе останат до 9-ти август, покрај физичката подготовка ќе се работи и во сала, каде екипата ќе се воигрува во пресрет на турнирите на кои Вардар треба да настапи.
Со екипата заминаа и играчи кои се дел од екипата на Вардар Јуниор. Се работи за голманите, Андреј Петковски и Даниел Ставровски, како и левиот бек, Марко Мишевски.