Фудбалскиот клуб Вардар последен пат пред почетокот на првата фудбалска лига ќе одигра тест-дуел. Натпреварот ќе се игра утре, сабота 4. август со почеток во 17:30 часот во Кратово. Ние на истиот ќе гостуваме кај тимот на ФК Силекс.
Овој дуел ќе биде „генерална проба“ пред првиот дуел на Вардар во првенството против Шкендија, во рамките од 1. коло во сезоната 2018/2019 кој начелно е закажан за на 12.август можно е да има корекција по барање на домаќините).
Вардарци ќе се обидат да дојдат до победа за подигнување на самодовербата пред дербито, но и да ја “скршат“ непријатната серија од три меча без даден гол. Ние на двата дуела со Пјуник во 1.коло од ЛЕ и на натпреварот одигран минатата сабота со Македонија Ѓорче Петров неуспеавме да погодиме ниту еднаш. Во серија сме од 270.минути без даден гол во противниката мрежа, а нашата мрежа беше погодена четири пати.