Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2004„ година од 6-9-ми август ќе биде дел од првото издание на меморијалниот турнир “Милан Мика Зиројевиќ„ во Никшиќ. На турнирот ќе учествуват вкупно осум екипи поделени во две групи.
Вардар ќе биде дел од групата А, во која ќе бидат и домаќинот, Сутјеска-Никшиќ, потоа Зрински и Влазниа. Во групата Б, ќе се натпреваруваат екипите на Будуќност, Црвена Ѕвезда, Железничар и Академија Пушкаш.
Вардаровата експедиција на чело со тренерот Пепи Георгиевски ќе тргне за Никшиќ во текот на утрешниот ден, утрото во 09:00 часот. Првиот натпревар на турнирот ќе го одигра во вторник, против екипата на Зрински, со почеток од 10:30 часот. Во зависност од исходот на првиот дуел, во среда не очекува нов натпревар. Во четврток е последниот ден на турнирот, кога и ќе се разигрува за пласман на турнирот. За 12:00 часот е закажано големото финале, додека во 13:30 часот доделување на наградите за најдобрите и свечено затварање на турнирот.
Тренерот Георгиевски на овој турнир ќе смета на следниве играчи: Наум Ангелов, Горазд Гигов, Томи Силјановски (голмани), Давид Љушев, Максим Милошевски, Игор Јаневски, Никола Павлески, Никола Анчевски, Сандро Каровски, Исмет Хајдари, Давор Серафимов, Ѓорѓи Дошев, Стефан Стојановски, Горазд Попов, Теодор Перковски, Ибраим Левент, Бесар Гуџуфи, Матеј Богдановски, Кристијан Ѓоргиевски.