Wednesday ,02 July 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Добро утро лидери!
Добро утро лидери!

Добро утро лидери!

Добро утро лидери. Добро утро од ”врвот” Нашиот ФК Вардар дојде на позицијата, каде и му е местото. Со убедливиот триумф над Младост Ц.Д. од 6:0 нашиот црвено – црн состав од втората позиција, се качи на првата. Кратовчани одиграа нерешено со екипата на Турново. Нашиот тим по овие три одиграни кола има забележано 7 бода, исто колку и Силекс, но со убедлива гол разлика од 11 дадени, и 3 примени голови.Нашиот најголем конкурент за титулата, Шкендија ги освои трите бода на гостувањето против Металург. Мечот на Работнички со Ренова е одложен, поради настапот во квалификациите за Лига Европа Следниот натпревар за Вардарци е во среда против Металург, повторно на стадионот во Ѓорче.

vardrafans tabela