Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар го победи Ростов и го освои третото место на “Букурешт трофеј“
Жрк Вардар го победи Ростов и го освои третото место на “Букурешт трофеј“

Жрк Вардар го победи Ростов и го освои третото место на “Букурешт трофеј“

Екипата на Жрк Вадрар во борба за пласман го победи Ростов Дон и го освои третото место на турнирот “Букурешт трофеј“. Натпреварот беше решен во почетниот дел на вториот дел, кога успеавме да направиме голема серија и да го решиме победникот.

Во текот на целото прво полувреме се играше израмнето на двете страни. Ниедна од девете екипи не успеа да се одлепи на поголема предност од два гола. Иако Вардарки имаа таква можност, но сепак Норвешкиот голман на Ростов, Катрин Лунде не дозволи такво нешто. Сепак на полувреме заминавме со гол предност од 13:12.

Првите десет минути во вториот дел го пресудија конечниот победник на овој дуел. Во овој период Вардарки направија серија од 8:2 и зголемија на високи седум гола позитива. Во тие моменти на голот ја имавме одличната Ина Суслина која бележеше одлични интервенции. Во овој период на наша добра игра, се истакнаа и Хмирова и Лекиќ која на крај беше наша најефикасна ракометарка. Водството се повеќе растеше, имаше моменти кога имавме девет гола предност. Во последните минути од мечот се отпуштивме малку во играта, што им овозможи на Русинките да ја намалат негативата. Конечниот резулат на крајот гласеше 33:27.

Лекиќ беше најдобар стрлец со 6 голови. Дамњановиќ и Сокач постигнаа по 5, додека Пенезиќ и Хмирова беа стрелци на 4 погодоци.