Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Фк Вардар го победија Работнички, во градското дерби

Кадетите на Фк Вардар го победија Работнички, во градското дерби

Успешен почеток на сезоната и за кадетите на Фк Вардар(у 18), кои беа поуспешни на отварањето на првенството. На гостински терен во Алумина, црвено-црните беа подобри од екипата на Работнички во градското дерби. Конечниот резултат беше 1:2. Стрелци на головите за нашиот тим беа Дамјан Менкиноски и Михаил Геговски.

Денес на теренот на Алумина , во одлични услови се одигра градското кадетско дерби помеѓу Вардар и Работнички. Црвено-црните први поведоа со 1:0 со голот на Дамјан Менкиноски, што беше резултат и по првото полувреме. Во вториот дел домаќинот успеа да го израмни резултатот. Избраниците на Влатко Колев за кој беше прв првенствен меч како тренер на оваа генерација, не се повлекоа и продолжија да напаѓаат. Ваквата игра даде резултат и успеавме да поведеме со 1:2. Стрелец беше напаѓачот Михаил Геговски.

Веднаш по постигнувањето на голот, судијата покажа на белата точка за Работнички, кои не успеаа да го реализираат пеналот. Јунак беше нашиот голман Малик Зибери кој успешно интервенираше и не дозволи израмнување. До крајот на дуелот со мирна игра, успеавме да го зачуваме резултатот и да оствариме триумф. Ова е добар почеток за оваа генерација, кои во минатата сезона настапуваа како пионери и не покажуваа добри резултати во лигата. Сега со нов тренер и неколку измени во составот, се надеваме на подобаr фудбал од оваа екипа.