Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Како ќе изгледа составот на ЖРК Вардар во новата сезона
Како ќе изгледа составот на ЖРК Вардар во новата сезона

Како ќе изгледа составот на ЖРК Вардар во новата сезона

Женскиот ракометен клуб Вардар по пет одиграни сезони во Лигата на Шампионите, започнува ново поглавје во својата историја. Во новата натпреварувачка сезона првиот тим на клубот ќе го сочинуваат играчи од младинските екипи на Вардар, ракометарки кои се родени “2002„ година и помлади. Тимот веќе започна со подготовки во С.Ц. Јане Сандански, кој ќе биде предводен од Симе Симовски, Драгана Ристова и Александар Царчев.

Вака ќе изгледа составот на ЖРК Вардар во натпреварувачката сезона 2018/19.

Голмани: Симона Грујовска, Јована Трајкоска, Андреа Илиќ.

Бекови: Милица Николиќ, Андреа Седлоска, Ана Марија Коларовска, Марија Гоцевска, Марија Галевска, Ангела Костовиќ, Ангела Гроздановска, Теодора Ѓошевска, Теодора Стаменкова.

Пикери: Катерина Дамјаноска, Ивана Џатевска. 

Крила: Бојана Диневска, Ивона Трпевска, Кети Ангеловска, Сара Миновска, Стефанија Ѓоргиевска, Мирјана Петковска, Ива Јаковчевска.

Екипата ќе се натпреварува во сениорска конкуренција, односно во супер лигата, како и во младинската лига. Супер лигата е предвидена да започне на 8. септември, а во првото коло вардарки ќе бидат домаќини на екипата на Куманово.