По повеќе од два месеци без фудбал, попладнево со два натпревари се означува стартот на новата натпреварувачката сезона 2018/19 во ПМФЛ.
На стартот, во првото коло, Вардар се научи да игра дерби натпревари, па така и денеска ќе отвори против најголемиот конкурент и оваа сезона за титулата, тетовска Шкендија. Дали Вардарци се ростерно силни да и парираат оваа година на Шкендија и да ја симнат од тронот, ќе дознаеме за нешто помалку од четири часа.
Вардар оваа сезона влегува во речиси нов состав и со нов тренер. Покрај тука стандардните Гачевски, Новак, Брдаровски и Барсегјан, многу се очекува и од “странците”, посебно од Вилијан Лира и Виктор Јуфо, двајца кои важат за две најголеми засилувања ова лето. Исто така се очекува голем дотринос и од Мицевски, кој на дуелите со Пјуник потфрли и одигра лоши натпревари.
Останува на дело да видиме како ќе се покажат Вардарци во првиот свој дуел во новата сезона. Дуелот започнува со почеток од 17.00 часот.