Македонската кадетска репрезентација денес го игра третиот натпревар на ЕХФ шампионатот во Грузија. По стартните победи против Литванија и Луксембург, денес избраниците на Данило Брестовац за противник го имаат тимот на Фарските Острови.
Селекторот на Македонија го објави составот за денешниот дуел, а во него се најдоа пет ракометари од Вардар. Се работи за Марко Кизиќ, Игор Ѓорѓиев, Ален Ќосевски, Мартин Карапалевски и Кристијан Анѓелковски.
Со триумф над Фарски Острови, Македонија ќе се пласира во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот. Во прдолжение стрим од натпреварот.