Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Историја > Дацевски капитенот на ФК Вардар кој прв подигнал пехар во историјата, тој од Купот 1961 и бил дел од шампионската младинска екипа `49
Дацевски капитенот на ФК Вардар кој прв подигнал пехар во историјата, тој од Купот 1961 и бил дел од шампионската младинска екипа `49
Дацевски со пехарот!

Дацевски капитенот на ФК Вардар кој прв подигнал пехар во историјата, тој од Купот 1961 и бил дел од шампионската младинска екипа `49

Во следниот текст ќе се запознаме со Дацевски, еден “подзаборавен“ црвено-црн херој. Човекот кој го подигра првиот пехар во историјата на ФК Вардар во сениорска конкуенција 1961 година, човек кој беше дел од тимот во првата младинска титула 1949 година. Капитен на тимот на Вардар на финалниот натпревар од националниот југословенски куп против тимот на Вартекс кој се одигра на 26 Мај 1961 година во Белград беше легендарниот Славко Дацевски.

Ф.К. Вардар кој настапи во финалето: Стојат (од лево кон десно): Дацевски, Георгиевски, Анѓушев, Вучидолов, Трајчевски и Божиновски.-Доле (од лево кон десно): Илиевски, Николовски, Велковски, Дончевски и Шулиничевски.

Ф.К. Вардар кој настапи во финалето:
Стојат (од лево кон десно): Дацевски, Георгиевски, Анѓушев, Вучидолов, Трајчевски и Божиновски.-Доле (од лево кон десно): Илиевски, Николовски, Велковски, Дончевски и Шулиничевски.

По победата со резултат од 2:1 над тимот од Вардарждин токму Дацевски како носител на капитенската лента ја имаше честа прв да го подигне победничкиот трофеј на Маршалот Тито. Дванаесет години претходно Дацевски беше дел и од младинската екипа на Вардар која стана државен првак на ФНР Југославија во соодветната возрасна категорија.

Вардар во 1949 год. стана младински шампион на Југославија

Вардар во 1949 год. стана младински шампион на Југославија

Роден е на 9 Јули во далечната 1930 година и во дресот на првиот тим настапува најпрвин од 1950 до 1955 а потоа и од 1960 до 1965.Неговиот севкупен биланс гласи 16 погодоци на 376 одиграни натпревари. Иако повеќе не е меѓу живите, Дацевски и натаму е запаметен како еден од најдобрите вардарови и македонски фудбалери од педесеттите и шеесеттите години на претходното столетие.

Тој во 1964 година замина да живее во Австралија, каде и почина на 75 годишна возраст во 2005 година.

На Kуп шампионите им е приреден пречек на железничката станица во Скопје-1961

На Kуп шампионите им е приреден пречек на железничката станица во Скопје-1961