Одбраната на трофејот во СЕХА-лигата, екипата на РК Вардар ја стартува со скопското дерби против екипата на Металург. Веќе е одреден и датумот на одигрување на овој меч, а тоа е 29-ти август, на кој Вардар ќе гостува на тимот од Автокоманда. Овој меч ќе се одигра во С.Ц. Борис Трајковски, дополнително ќе биде одредена и саатницата на започнување на овој дерби дуел.
Претходно истиве екипи, во сабота на теренот во Струга, ќе го одиграат и супер купот, кој е втор во историјата на ракометот, кој ќе биде увертира за дерби мечот во СЕХА-лигата.