Кадетската ракометна репрезентација го освои четвртото место на ЕХФ Шампионатот во Грузија. Македонија одигра вкупно седум натпревари на шампионатот и оствари пет победи и два порази. Во групата го освоивме првото место со пет победи од исто толку мечеви, а поразите дојдоа во завршниот дел. Во полуфиналето бевме поразени од Белорусија, додека во малото финале, подобра од нас беше селекцијата на Швајцарија.
Дел од националната селекција на овој шампионат беа и пет играчи од Вардар, кои имаа свој придонес во конечниот пласман. Како најдобар стрелец се покажа Игор Ѓорѓиев кој постигна вкупно 15 голови. Мартин Карапалевски беше стрелец на 5 голови, додека Ален Ќосевски постигна 2 гола. Кристијан Анѓелковски играше претежно во одбраната, додека на голот и на овој шампионат супериорен беше Марко Кизиќ. Сите споменати играчи во новата сезона ќе настапуват за екипата на Вардар јуниор, која се натпреварува во супер лигата.