Во регуларна продажба ќе бидат пуштени сите билети, вклучувајќи ги и оние што не биле обновени со приоритетната продажба.
Регуларната продажба на сезонските билети ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и он-лајн преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk
Во продажба ќе бидат пуштени билети од две категории: за трибинскиот простор, а А блоковите.
Цената на сезонските билети ќе биде иста како и претходните сезони.
- 2.200 денари за трибински простор
- 2.550 денари за А блоковите
По завршување на регуларната продажба на билети ќе има продажба за секој поединечен меч од лигата на шампионите и СЕХА лигата ќе биде неколку денови пред натпреварот, и за тоа ќе има посебно известување за бројот и категоријата на билети што ќе бидат пуштени во продажба. Тогаш ќе бидат пуштени во продажба само местата што се останати и не биле продадени.
Првиот домашен натпревар на Вардар во ЛШ е на 22 септември против Кристијанштад. Во СЕХА лигата првиот домашне натпревар за Вардар е на 4 септември во СЦ „Јане Сандански” против Железничар од Ниш.