Поранешната ракометарка на Вардар, Јована Саздовска во новата сезона ќе игра за екипата на Турингер од Германија. Левото крило, една сезона беше дел од црвено-црните, а во новата сезона повторно ќе има можност да настапува во Лигата на Шампионите.
Турингер е во група со актуелниот шампион на Европа, Ѓер, потоа Крим за кој настапува уште една поранешна вардарка, се работи за Сара Ристовска, како и победник од квалификациска група. Се очекува во наредниве денови, екипата од бундеслига го потврди трансферот на Саздовска.