Вчера во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ во Скопје започна лигата во женска кадетска конкуренција за девојките на ЖРК Вардар. Вардарите девојки ја пречекаа екипата на РК Војнисон од Кичево. во ова деби коло од кадетската лига. На овој дуел избраничките на Анжела Платон дојдоа до убедлива победа со резултат 31-13 (16-6).
