Вардарци се единствениот тим што има серија од 28 натпревари без пораз. Натпреварот со Железничар во второто коло од СЕХА Газпром лигата беше меч на кој по 27 пат победуваме. Ние во периодот од 13 декември 2016 година па досега, само еднаш сме одиграле дуел со резултатска симетрија и тоа против Мешков в гости. Нашиот последен пораз датира од 2016 година, кога ППД Загреб славеше против Вардар на 13 декември 2016 година со 28-26. Втора најдобра низа зад нас во СЕХА лигата со 25 натпревари без пораз ја има унгарскиот гигант Веспрем. Минаната сезона бевме првиот тим што ја завршивме сезоната со 17 победи во регуларниот дел, а потоа уште две победи на Ф4 турнирот.