Најновото засилување на Вардар, младинскиот репрезентативец на Словенија, Грегор Оцвирк ќе му прави друштво на Вуко Борозан на левата бековска позиција, иако може да игра и како среден бек. По потписот со Вардар тој на својот фб профил се пофали со новиот клуб.
-Вртам нов лист во мојот живот. Мојата спортска кариера ја продолжувам во европскиот гигант Вардар. Ви благодарам на сите навивачи што бевте со мене сите овие години.
Оцвирк ќе отпатува со екипата на Вардар за дуелот со Татран, во рамките на СЕХА-лигата, но нема да игра поради некомплетна документација. Се очекува дебито во црвено-црниот дрес да го има во ЛШ и тоа во првото коло кога гостуваме на тимот на Монпелје.