Вардар загуби од екипата на Македонија Ѓ.П, на пријателски натпревар одигран во Ѓорче. Паузата поради репрезентативни настапи, избраниците на Васоски го искористија да одиграат контролен дуел, на кој не поминаа баш добро и загубија убедливо со резултат од 3:0.
Сите голови беа постигнати во вториот дел, откако на полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Црвено-црните имаа свои прилики кои не успеаа да ги искористат, а противникот тоа максимално го искористуваше.
Вардар: Кировски, Брдаровски, Попзлатанов, Манев, Новак, Најдовски, Мицевски, Јуфо, Битанг, Цветаноски, Лира.