Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Татран и стигна до нов трет последователен триумф во СЕХА-лигата
Вардар го победи Татран и стигна до нов трет последователен триумф во СЕХА-лигата

Вардар го победи Татран и стигна до нов трет последователен триумф во СЕХА-лигата

Вардар стигна до нова победа во СЕХА-лигата, трета во серија за нашиот шампион. Во еден интересен и на крај неизвесен натпревар, славеа избраниците на Парондо со резултат 26:27.

Натпреварот со гол беше отворен во 3.минута кога домашниот тим постигна гол, за Борозан да врати веднаш. Во најголем дел од првото полувреме екипата на Татран Прешов имаше предност, која во еден момент достиган три голови разлика. Последното израмнување беше при резултат 2:2, за противникот да се одлепи на предност од 4:2. Истава позитива ја имаа уште во неколку наврати, а словаците стигнаа и до три гола предност и тоа во два наврати, кога резултатот на семафорот беше 8:5 и 10:7. Сепак од тој момент гледаме подобра игра на Вардар кој со серија од 0:6 прави комплетен резултатски пресврт и по истекот на првите 30 минути имавме високо водство од 10:13. На домашниот тим не му дозволивме десет минути да постигне гол, а црвено-црните погодуваа во серија преку Фереира, Шишкарев, Карачиќ, Чупиќ, Кристопанс и повторно Шишкарев.

Идентично како во првото, така и во второто полувреме првиот гол за Вардар го постигна Вуко Борозан, а потоа и Карачиќ, за да ја продолжиме серија која веќе гласеше 0:7, за конечно Татран преку Урбан да намали на 11:15.Милосављев имаше ново одлично издание на голот и благодарение на него одржувавме предност од 3-4 голови, а највисоката достигна и до пет гола разлика кога во 42 минута со голот на Фереира имавме водство од 15:20. Татран се обидуваше да се врати во игра, не се предаде и со поддршката од публиката го топеше нашето водство. На пет минути пред крајот, Чип постигна гол и намали на само еден гол негатива (24:25), по што влеговме во неизвесна завршница. Домаќинот дури и израмни, но Борозан не врати во водство на две минути пред крајот на овој интересен дуел. Ново израмнување и тоа со удар од седум метри, откако погоди Урбан.  Скубе постигна гол, а во последниот напад Милосављев му одбрани пенал на Урбан. Се обиде и Буторац но неговиот удар беше блокиран, на крајот победа на Вардар со резултат 26:27.

Милосављев одличен на голот со 14 одбрани. Борозан најдобар стрелец со 6 голови, Карачиќ постигна 5.