Денес во големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански“ пионерската екипа на Вардар беше домаќин на тимот на РК Ѓорче Петров. Девојките на Платон и Папуџиева успеаа да дојдат до нова висока победа во меч во кој целосно доминираа. Ние триумфиравме со резултат 20:3 (7:1).
На почетокот нашите девојки отворија на фуриозен начин со четири гола едно по друго на стартот. Противникот успеаа конечно во 7.минута да го постигне првиот и последен гол во првиот период намалувајќи на 4-1. Следеше неефикасен период од 5-6.минути без ниеден погодок, нашата клупа повика минута одмор заради враќање на концетрацијата. Веднаш потоа Мила Пешиќ ја прекина серијата од неколку минути без погодок погодувајќи за 5-1. До крајот игравме рутинирано и додатно ја зголемивме предноста. На одмор заминавме со резултат 7-1 на семафорот во големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански“.
Вториот дел почна со по еден гол во девете мрежи за почетни 8-2 по само 2.минути ракомет на овој пионески дуел. Ние повторно заигравме одлично во одбраната во нападот казнувавме и успеаавме да поведеме првпат со двоцифрена разлика во 8.минута од вториот дел. За 12-2 погоди Крагељ Мила по една одлична акција на црвено-црните дами. Мора да напоменеме покрај одличната игра во одбраната и нападот, Вардар на овој дуел имаше мотивирани голмани кои бранеа се па и неколку седмерци. Во последните 2.минути влеговме со предност од 18-2, дури по 17.минути ракомет противникот успеаа да постигне нов гол намалувајќи на 18-3. Ние до крајот успеаавме да поведеме со 19-3 најпрвин, а потоа на 3.секунди до крајот погоди Максимовска Натали за конечни 20-3.
Кај нас прв стрелец беше Мила Пешиќ со шест гола, апак Коцева Борјана постигна четири погодока.