Вардарци на најдобар можен начин ја отворија сезоната во Лигата на Шампионите. Избраниците на Гарсија Парондо успеаа да слават на гостувањето кај актуелниот шампион на Европа. Заслужена победа за Вардар, кој во текот на целиот меч го имаше водството, на крајот славевме со резултат 24:27. На голот го имавме магионичарот, Дејан Милосављев, кој правеше чуда и го заврши мечот со 15 успешни интервенции.
Во една акција, нашиот голман запра дури три зицери на противникот, што веднаш ЕХФ успеа да го одбележи како најдобар момент на овој дуел. Погледнете го видеото со одбраните на српскиот чувар на мрежата.