Нема одмор за фудбалерите на Александар Васоски. По победата над Шкупи, сега доаѓа ред на уште еден домашен натпревар во Маџари, но овој пат во рамките на 1/8 финалето од Купот на Македонија.
Како што е познато, Вардар ја доби екипата на Македонија ЃП во Купот, а првиот натпревар ќе биде одигран веќе утре од 15 часот и 30 минути на теренот на Вардар.
Очекуваме победа на црвено – црните пред реваншот во Ѓорче. Инаку, постои голема можност поради Куп мечевите, дуелот со Работнички да биде одигран во недела а не како што беше најавено во сабота.