Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар “немилосрден„ и за Стеауа, продолжува серијата на победи во новата сезона
Вардар “немилосрден„ и за Стеауа, продолжува серијата на победи во новата сезона

Вардар “немилосрден„ и за Стеауа, продолжува серијата на победи во новата сезона

Ништо ново што се однесува до составот на Вардар, кој вечерва стигна до четврти триумф во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански ја совладавме екипата на Стеауа од Букурешт.

Парондо започна со поинаква постава во нападот, давајќи им шанса на играчите кои имаа помала минутажа во дуелот со Монпелје. На крилните позиции започнаа Поповски и Недановски, Калараш започна како пикер, бековската тројка ја сочинуваа, Кисељев, Војводиќ и Карачиќ, додека на голот беше Милосављев. Гостите од Романија успеаа да го отворат резултатот, но црвено-серија од два погодоци го превземаа водството, кое не дозволија да го испуштат до крајот на натпреварот. Предноста на Вардар се движеше од 1-2 гола разлика, до моментот кога при водство од 8:7 успеавме да направиме серија од 3:0 и да стигнеме до највисоки четири голови разлика (11:7). Кисељев и Фереира беа незапирливи во нападот и имаат стопроцентен ефект на реализирани удари. На голот, Милосављев започна да брани и по истекот на првите 30 минути имаше 5 успешни интервенции. Деби гол во дресот на Вардар за словенецот, Грегор Оцвирк со кој погодок стигнавме до најголеми пет гола разлика (14:9) во 29 минута. До крајот на првиот дел, тимот на Стеауа успеа да го намали резултатот на 15:11.

Фуриозно започна Вардар во вториот дел, кога првиот свој погодок го постигна нововлезениот Дибиров, додека Милосављев нанижа уште две нови одбрани, тоа го искористија Кисељев и Војводиќ за да зголемат на 18:12 во 35 минута. Македонскиот репрезентативец, Мартин Поповски сврза два гола во серија, што значеше највисока предност од седум голови (21:14), за Стеауа да врати на ист начин и да намали на 21:16. Милосављев и четврти меч во ова натпреварување стигна до двоцифрен број на одбранети удари, веќе десет зад неговото име. Мала неизвеност внесе противникот кога намали на 24:21, но Кристопанс со два гола во серија зголеми повторно на шест гола разлика. Шанса да застане на голот, доби и младиот 17 годишен Марко Кизиќ, кој го замени Милосављев, кој успеа да запише и одбрана. На крајот победа за нашиот шампион, изразена со резултат 27:21.

Најефикасни кај Вардар беа Кристопанс и Кисељев кои постигнаа по 5 голови. Во сабота не очекува дуел од ЛШ, против екипата на Кристијанштад.